Потпишан Договор за Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“
На 27 февруари 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и УНДП.