На 22.12.2009 година (вторник), во Салата на општина Македонска Каменица, се одржа Седмата Седница на Советот за развој на Источниот плански регион.
На седницата се дискутираше за фазата за реализација на активностите предвидени во Акцискиот план за основање на меѓуопштинско (регионално) јавно претпријатие за управување со отпад во Источниот плански регион. Се констатира дека нареден чекор од Акцискиот план е регистрацијата на МЈП ,,ДЕПОНИЈА ИСТОК”.
Следен чекор беше потпишување на Договорот за уредување на меѓусебните права и обврски на основачите на МЈП за управување со отпад.
Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион ги информира членовите на Советот дека од Програмата ,,Атрактивни плански региони” и Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој од средствата во 2009 година, се финансирани 9 регионални проекти.
На седницата се донесе Заклучок да се продолжи со активноста за зачленување на Источниот плански регион во Собранието на Европски региони – АЕR.
Програмата за развој на Источниот (Брегалнички) плански регион 2009-2013 година едногласно се донесе, и воедно се усвои Финансиски план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2010 година.
Беше усвоен Предлогот Центарот за развој на Источен плански регион врз основа на претходно прибавени информации од општините од регионот, да изготви Предлог Ценовник за цените за градежно земјиште предложени од страна на секоја општина од регионот, односно за висината на надоместот за индивидуално домување, колективно домување, комерцијални и деловни дејности, стопански и производни објекти, објекти на јавни институции, објекти за спорт и рекреација и за инфраструктурни објекти и водови, за централното подрачје, вонцентралното подрачје и населените места.
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!