Skip to content

Студиско патување во Словенија-Унгарија-Хрватска од 15.11.2009 до 21.11.2009

ДАТУМ

јануари 29, 2010

Категории

Во рамките на серијата обуки за градење на капацитетите за регионален развој-регионален менаџмент на национално ниво, IV модул, направено е Студиско патување во Република Словенија, Унгарија и Република Хрватска.
Студиското патување се реализира во периодот од 15.11 до 21.11.2009 година во организација на GTZ RED програмата. На Студиското патување,  Центарот за развој на Источен плански регион го претставуваше Раководителот  Г-ѓа Драгица Здравева.

 Целта на Студиското патување беше запознавање со: Регионалната и кохезионата политика на Република Словенија, Хрватска и Унгарија, програмите на територијална соработка и развивање на соработката на локалните заедници и региони. Беа презентирани искуства во регионалниот развој на Агенцијата за регионален развој на Љубљанскиот урбан регион и Помурје, како и  искуства од рабортењето на инкубаторите за мали и средни претпријатија и технолошките паркови. Формирањето и работењето на технолошките паркови како правен субјект за нас е од посебно значење бидејќи во Република Македонија сеуште нема ваков тип на организирање.
Беше направена посета и презентација на проекти реализирани во рамките на прекугранична соработка помеѓу Република Словенија, Унгарија и Хрватска.
Во Унгарија  покрај презентацијата на дел од финансираните проекти беше направи посета и на проектните локации.
Во Република Хрватска се посети Вараждин и Агенцијата за развој  АЗРА.
Во рамките на овој дел од Студиското патување беше  презентиран регионалниот  развој во Хрватска, како и  проекти развиени во Програмите за прекугранична соработка со Словенски партнери. Беше направена  посета и увид на локациите од конкретно реализираните проекти од трите страни на границата.
Ваквиот начин на соработка и одличната организација од страна на GTZ RED програмата и домакините, овозможи  да се дојде до ново искуство, нови сознанија од регионалниот развој и создава основа за идна блиска соработка на проекти од регионално значење.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy