Skip to content

ДАТУМ

јуни 28, 2010

Категории

Тематска работилница „Заштита на животната средина преку меѓуопштинска соработка“

УНДП како активен чинител во меѓуопштинската соработка (МОС) реализираше повеќе проекти во 36 општини ширум земјата, во областа на урбанизмот, локалните даноци и такси, инспекцијата и локалниот развој. Во партнерство со Министерството за локална самоуправа, УНДП ја реализира националната Програма за „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“, која работи на понатамошно создавање на услови за поширока примена на меѓуопштинската соработка, како инструмент за поквалитетна испорака на јавните услуги на локално ниво.

Програмата на УНДП, се стреми меѓуопштинската соработка да стане корисен инструмент во областа на животната средина, почитувајќи ги тековните состојби и потреби на единиците на локалната самоуправа. Со цел да се овозможи квалитетно развивање на проекти за МОС, УНДП организира работна средба за меѓуопштинска соработка во областа на животната средина која се одржа на 02 јуни 2010 година во Хотел Континентал во Скопје.
На оваа работилница преку дискусии се индентификуваа приоритетни потреби во животната средина и се дојде до можните решенија за задоволување на тие потреби преку меѓуопштинската соработка.
На работилницата учествуваа Градоначалници и државни службеници од осумте плански региони, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за локална самоуправа, како и претставници од Центарот за развој на Источниот плански регион.
 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy