Skip to content

ДАТУМ

декември 30, 2010

Категории

Промоција на проектот „Интегрирана туристичка понуда долж ИЦТ“

altНа 17.12.2010 година во месноста Јуовец во Берово се одржа промоција на проектот „Интегрирана туристичка понуда долж ИЦТ“.  Имајки во предвид дека дел од патеката на Железната Завеса минува и низ нашиот регион, мора да потенцираме дека се отвараат нови можности за промоција на природните убавини и реткости  во микрорегионот Пијанец-Малеш, а со тоа и на целиот регион.

Реализацијата на овој проект во кој како партнери се јавија Центарот за развој на Источен плански регион и Општините Берово, Делчево, Зрновци и Пехчево претставува почеток во низата проекти кои туристичките потенцијали и можности на регионот во развојот на алтернативниот туризам ќе ги претстават на начин кој ке овозможи полесен пристап и искористување на Европските фондови.
Со овој проект се уредија дел од водопадите во општина Пехчево, се altдоизгради и доуреди  туристичко-рекреативната патека во општина Берово, се уреди излетничкото место Илин Камен во општина Делчево и се изгради Етно соба во која се сместени  етнолошки и историски постановки во општина Зрновци.
Проектот Интегрирана туристичка понуда долж патеката на железната завеса, финансиски подржан од ГТЗ Програмата за регионален економски развој во Р. Македонија е зачеток во создавањето на една богата интегрирана туристичка понуда.
Проектот во свечена употреба го пуштија Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Ратко Димитровски и Градоначалникот на општина Берово Г-дин Драги Наџински.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy