На ден 13.01.2011 година во просториите на општина Македонска Каменица се одржа Јавна расправа за ,,Физибилитии Студија за изградба на мини акумулација на река Косевичка.” Физибилити студијата за изградба на мини акумулација на река Косевичка, е изработена од страна на Хидро-Енерго Инжинеринг ДОО Скопје и беше детално презентирана од страна на Г-дин Ангел Панов член на експертскиот тим за изработка на студијата.
На јавната расправа покрај претставниците од Центарот за развој на Источниот плански регион, Градоначалникот и претставници од општината, присуствуваа и претставници од бизнис секторот, невладини организации, претставници од земјоделски здруженија и индивидуални земјоделци, образовни институции и градоначалници и претставници од ЛЕР канцелариите од другите општини во регионот. Презентацијата наиде на широк интерес од страна на присутните кои со свои забелешки и сугестии се вклучија во расправата со цел овој значаен стратешки документ да добие во квалитет и практична примена. Од расправата е изготвен посебен записник и истиот е доставен до изработувачот на студијата на увид.
No comment yet, add your voice below!