Skip to content

ДАТУМ

јули 9, 2012

Категории

Промотивен ден на регионот во Пехчево

Општина Пехчево во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион, на 13.07.2012 година (петок) на празникот на Пехчево – Павловден, организира Промотивен ден на источниот плански регион во Пехчево  со официјален почеток во 12: 00 часот.

Настанот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Пехчево, каде општините од Брегалничкиот  регион ќе имаат можност на штандови да ги презентираат своите специфики  пред жителите на општина Пехчево.
Во рамките на промотивниот ден ќе има богата културно-уметничка програма во организација на Општина Пехчево.
Настанот се одржува во исто време и со саемот на традиционални изработки Пехчевски Павловден, кој има за цел да ги промовира и валоризира традиционалните и стилизираните занаетчиски изработки и гастнономски специјалитети.  За таа цел, покрај штандовите на општините, има можност и за презентација на здруженија или поединци од вашите општини кои се занимаваат со традиционални изработки. 
Ве покануваме на заедничка презентација на убавините и потенцијалите на  Брегалничкиот регион.
 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy