Skip to content

ДАТУМ

декември 9, 2013

Категории

Соопштение за медиумите

Во перидот од 21 до 25 октомври, во градот Ерзурум, Турција, се одржа средба за евалуација на мрежата СЕЕНОРДА / SEENORDA, во рамките на програмата Млади во Акција. СЕЕНОРДА (south east European network of regional development agencies) е мрежа на агенции кои се занимаваат со регионален развој, а доаѓаат од регионот на југоисточна Европа (ЈИЕ), и тоа од следниве држави: Македонија, Турција, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска (во наредниот период се очекува приклучување на агенции од Србија, Романија, Молдавија и Грција).

Иницијативата за формирање на оваа мрежа, СЕЕНОРДА, започна во 2011 година на иницијатива на ПРЕДА Плус фондација (во рамките на Првата меѓународна конференција за регионален развој на Западен Балкан 2011), а денес мрежата е регистрирана во Хрватска и во најскоро време се очекува да започне со конкретни активности и промоција на истата.

Македонската делегација на оваа средба ја претставуваа претставници на 3 институции, и тоа: Центарот за развој на источниот плански регион (Штип), центарот за развој на вардарскиот плански регион (Велес) и ПРЕДА Плус фондација (Прилеп).

Во рамките на овој настан, се дискутираше за политиките на регионалниот развој во земјите од ЈИЕ, конкретни искустава од реализирани проекти, можностите за идна заедничка соработка и операционализација на мрежата.

СЕЕНОРДА мрежата е отворена за членување за сите субјекти кои работат во областа на регионалниот развој, во наведените земји. За подетални информации во врска со истата, контактирајте ги погоре наведените институции.Beginners

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy