Skip to content

ДАТУМ

април 3, 2014

Категории

Подготовка на регионален план за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за Источниот плански регион

На 17 март 2014 година во Скопје, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа работна средба и презентација на Предлог – Планот за управување со отпад за Источниот плански регион.

Средбата ја отвори Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање, на која присуствуваа градоначалниците од 11 (единаесет) општини во состав на Источниот плански регион, Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Раководителот на Стручната служба на Регионалниот одбор за управување со отпад во Источен плански регион како и останати преставници од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тим лидерот на проектот, Г-дин Теофанис Лолос ја презентираше анализата за состојбите со отпадот и ги објасни предложените сценарија за управување со отпадот во регионот за кои градоначалниците од Источниот регион треба да се произнесат во наредниот период. Тој информира дека е направена целосна финансиска анализа и се пресметани инвестициските и оперативните трошоци.

Со донесувањето на одлуката за искористување на европските предпристапни фондови, Источниот и Североисточниот регион се промовираат во лидери во воспоставувањето на еден современ и модерен интегриран систем на управување со отпад во државата. Ваквиот пристап овозможува отворање нови хоризонти во областа на менаџирањето со отпадот, што секако претставува значаен сегмент во заштитата на животната средина, рече Темелковски. Источниот регион, додаде тој, е водечки во искористување на ИПА-средства.

Според градоначалникот на општина Пробиштип и Претседател на Советот за развој на Источен плански регион, Г-дин Тони Тоневски, целта е денес да се видат сите досега реализирани активности и напредокот на проектот.

– Како регион, кој е најнапред во искористувањето на ИПА фондовите, очекуваме дека до крајот на 2017 година во регионот ќе има воспоставено интегриран систем за управување со комунален отпад и во ова ќе постигнеме два позитивни ефекти т.е. трајно решавање на проблемот со дивите депонии и изграден модерен систем за управување со отпад а со тоа ќе дадеме придонес во заштитата на животната средина со средства од европските фондови, изјави Г-дин Тони Тоневски.

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy