Skip to content

ДАТУМ

мај 9, 2014

Категории

Деветта (IX) седница на Советот за развој на Источен плански регион

На  09 мај 2014година (петок) во општина  Македонска Каменица (Манастирски комплекс „Покров на Св. Богородица“ во месноста Еленец кај село Цера), со почеток во 13:00 часот, се одржа деветтата (IX) Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

На седницата покрај градоначалниците од Источниот плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион, присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Г-дин Зоран Тасев, претставници од фирмата КАЛИОПА од Р. Словенија како реализатори на проектот Воспоставување на Географско информационен систем во опоштините од Источен регион, претставници од фирмата ФАРМАХЕМ Скопје како Национален координатор на проектот Програма за зачувување на природата во Македонија (течението на река Брегалница), претставници од проектот Управување со речниот слив на реката Брегалница и претставниците од Македонско-Бугарската стопанска комора.

Како позначајни, тековните активности на Центарот и Советот беа разгледани и се расправаше по следните точки:

  • Извештај во врска со  напредокот на проектот: “Управување со речниот слив на река Брегалница”;
  • Извештај во врска со напредокот на проектот:,,Воспоставување на регионално планирање и реализација на Географско информационен систем, како предуслов за воспоставување на заеднички одржлив развој на општините   од Источен плански регион ”;
  • Информација за повикот до општините во Брегалничкиот Регион за доделување на грант за формирање на Едукативен центар за зачувување на природата;

Претставување на Програмата за организација на: “Регионален бизнис форум”  во Источниот плански регион од страна на Македонско – Бугарска Стопанска Комора, Центарот за развој и општините од регионот.

 

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy