Центарот за развој на Источен плански регион на 9 Мај 2014 година (петок) потпиша Договор со ДПТГУ ДАМА – 2 Доо Виница за реконструкција и пренамена на постојниот објект “Турски бањи”, во значаен културен центар. Во сутеренот на објектот е предвидена галерија за организирање на изложби и експонати од Виничко Кале, со уреди за видео надзор на археолошкиот локалитет Виничко Кале.
Во приземјето на објектот е предвидена сала за состаноци, семинари и работилници за општината, невладините организации, бизнис секторот и останати институции од Источниот плански регионот како и две простории уредени во етно стил со специфики од регионот за сместување на помали делегации и уметници.
Вкупниот буџет на проектот за инфраструктурниот дел изнесува 3.000.000,00 денари, средства доделени од Министетрството за локална самоуправа – Бирото за регионален развој на Република Македонија.
Со реализацијата на овој проект, Источниот плански регион ќе добие мултифункционелан културен центар, галерија, за промоција на богатството на “разликите” и зачувување на културно-историското наследство.
Проектот целосно ќе се реализира во наредните 3 (три) месеци.
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!