На 16 мај 2014 година (петок) во општина Виница и официјално се започна со градежните активности за реконструкција и пренамена на старата „Турска бања“, во значаен мултифункционелан културен центар. Градоначалникот на општина Виница, Г-дин Емил Дончев и Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева, заеднички го официјализираа стартот на првите градежни активности, за кои е ангажирана градежната фирма ДПТГУ “Дама-2”ДОО, Виница.
За таа цел, Градоначалникот, Г-дин Емил Дончев изјави:
„Денес по завршената јавна постапка за избор на изведувач, започнуваме со проектот за реконструкција и пренамена на објектот “старата турска бања“, која треба да прерасне во Мултикултурен Центар. Проектот го релизираме со Центарот за развој на Источен плански регион, со средства обезбедени од националниот буџет, преку Бирото за регионален развој, за кофинансирање на проекти за развој на планските региони за 2014 година. Очекуваме градежните активности да завршат во рок 75 дена. Согласно техничката документација предвидено е да се изгради галерија, сала за состаноци, семинари и работилници, две етно соби и простор за видео надзор на археолошкиот локалитет Виничко Кале”.
Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева, изјави:
„На Годишната приоритетна листа донесена од страна на Советот за развој на Источен плански регион, утврдени се 10 (десет) приоритетни регионални проекти цо вкупна вредност од околу 980.000 €. Центарот има квалитетни и издржани регионални проекти, кои може да се финансираат не само преку средствата од националниот буџет, туку и преку европските фондови. За оваа година, од поднесените десет предлог проекти, позитивно се оценети шест, а согласно расположивиот буџет одобрени за финансирање се 2 (два) проекти и тоа:проектот за кој сме денес овде и проектот “Продолжување на изградба на колектор за отпадни води во општина Делчево од десната страна на река Брегалница, сервисна зона Долно бавчи, II фаза.
Вкупниот буџет на проектот за Реконструкција и пренамена на стара Турска Бања, за градежните активности изнесува 3.000.000,00 денари, средства доделени од Министетрството за локална самоуправа – Бирото за регионален развој на Република Македонија.
Со реализацијата на овој проект, Источниот плански регион ќе добие мултифункционелан културен центар, галерија, за промоција на богатството на “разликите” и зачувување на културно-историското наследство, воедно ќе даде и голем придонес во развојот и збогатувањето на мултикултурната соработка и соживот во Источниот регион.
No comment yet, add your voice below!