Skip to content

ДАТУМ

јуни 25, 2014

Категории

Одржани Македонско Бугарски Бизнис Експо Денови

На 23.06.2014 година во Штип се одржаа Македонско Бугарските Експо Денови. Целта на Бизнис форумот е да дојде до зголемување на економската размена и интензивирање на меѓуграничната соработка помеѓу компаниите и институциите од двете држави.

На оваа средба учеството зеде Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии Г-дин Зоран Ставрески  и Заменик Претседател на Влада на Република Бугарија задолжен за Економски Развој Г-ѓа Даниела Бобева.

Покарај замениците претседатели на двете држави учество зедоа и дваесетина градоначалници од Источниот плански регион и од другите региони од Република Македонија и градоначалници од пограничните општини од Република Бугарија како и повеќе од педесетина компании од двете држави на кои им беа презентирани потенцијали и условите за кредитирање од страна на двете државни Банки за Развој.

На платото пред Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – Ново Село, компании од Р. Македонија и Р. Бугарија поставија Експо штандови со свои производи. Овa претставуваше одлична можност  деловните партнери од двете држави да остварат и непосредни бизнис контакти.

Организатори на овие денови се Македонско Бугарската Стопанска Комора, Бугарската Трговска Промишлена Палата како и Советот за Развој на Источниот Плански Регион.

{gallery}novosti/2014.06.25_2:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy