Skip to content

ДАТУМ

јуни 25, 2014

Категории

Потпишани договорите за изработка на „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“ и Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план

Центарот за развој на Источен плански регион на 16.06.2014 година ги потпиша Договорите за изработка на „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“ и „Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024)“.

Изработувач на „Анализата на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“ е Деконс – ЕМА од Скопје додека пак израаботувач на „Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024)“ е Идеа О.К.

Со изработката на „Анализата на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“ ќе се овозможи идентификација, квалитативна анализа и валоризација на биолошката разновидност во регионот што ќе придонесе до подобро нејзино зачувување и одржливо користење. Со изработка на оваа Анализа ќе се формира база на податоци за биодиверзитетот во сливот на река Брегалница.

Со изработка на „Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024)“ ќе се согледаат моменталните состојби од областа на туризмот во Источниот плански регион на база на кои ќе се предложат насоки за иден 10 годишен одржлив развој на туризмот.

{gallery}novosti/2014.06.25_1:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy