Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираа инфо сесија за четвртиот повик за инструментите: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Настанот се оддржа на 14-ти март, 2017 година, во салата на општина Штип со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот повик.
Теми на настанот беа:
- Кратка презентација на Фондот и правила и процедури за финансирање на инструментот (Фондот за иновации и технолошки развој);
- Подготовка на предлог проекти, информации за софтвер и презентација на апликацискиот пакет (Фондот за иновации и технолошки развој);
- Презентација на кредитни продукти, кредитно осигурување и факторинг на Македонска банка за поддршка на развој.
По завршувањето на излагањата, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и општините со претставниците од Фондот за иновации и технолошки развој и Македонска банка за поддршка на развој.
Линк до објавениот повик (кликни тука)
No comment yet, add your voice below!