На 05.07.2017 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион, г-дин Емил Василев изврши презентација пред вработените во Центарот од учеството на обуката „Управување со катастрофи поврзани со води (подготвеност, ублажување и реконструкција)“ , J1704034. (“Water Related Disaster Management (Preparedness, Mitigation and Reconstruction)”, J1704034). Обукта беше организирана од страна на JICA (Јапонска агенција за меѓународна соработка). Истата се одржа во периодот од 14.05 – 10.06.2017 година во Токио, Нагоја и Tsukuba – Japonija.
Целта на обуката беше да се зајакне способноста на учесниците да создаваат/развиваат политики и имплементираат мерки за намалување на штетите настанати со водени катастрофи преку учење на политики и системи на водена контрола и менаџмент на катастрофи во Јапонија.
Со оваа презентација г-дин Емил Василев ги пренесе стекнатите знаења и искуства на своите колеги, здобиени од учеството на обуката во Јапонија преку примерите и искуствата во справување со водени и друг вид на катастрофи во Јапонија, но и во земјите учеснички на обуката.
Преземете ја презентацијата на овој линк.
No comment yet, add your voice below!