Skip to content

ДАТУМ

април 30, 2018

Категории

Одржана Четврта седница на Совет за развој на Источен плански регион

На ден 05.03.2018 година се одржа Четвртата Седница на Советот за развој на Источен плански регион во Општина Делчево.

На Седницата беа усвоени завршните сметки за работата на Центарот за развој на Источен плански регион, како и на сметките на проектите кои се реализираа во текот на 2017 година.

Советот на Источниот плански регион даде позитивно мислење и го усвои и Годишниот извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источен плански регион 2015-2019 за 2017 година.

На Седницата беше дадена и согласност на Центарот за развој на Источен плански регион за аплицирање за пристап до грантова шема (2018-2020) во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен развој“ финансиски поддржан од Владата на Република Македонија и Владата на Швајцарската Конфедерација.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy