Skip to content

Одржана Седма седница на Совет за развој на Источен плански регион

ДАТУМ

ноември 26, 2018

Категории

На ден 23.11.2018 година се одржа Седмата седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Македонска Каменица.

На седницата беа присутни министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи, претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Стопанската комора на Македонија, како и претставници на Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Советот на Источниот плански регион преку определување на приоритетните проекти, ја усвои Годишната листа на предлог-проекти за развој на Источен плански регион кои ќе се финансираат преку Програмата за рамномерен регионален развој во 2019 година.

На Седницата беше усвоена проектната задача за изработка на студија за изводливост за воспоставување на Меѓурегионален центар за трансфер на технологија во Источен и Вардарски плански регион со седиште во Штип, согласно третото сценарио од изработената Предфизибилити студија. На донесувањето на оваа одлука претходеше кратка презентација од страна на претставник од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој ги потенцираше целите од проектната задача и резултатите кои што се очекуваат од Студијата.

На Седницата беше претставен и проектот кој што се спроведува со заедничка соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и Швајцарската конфедерација, „Образование за вработување во Македонија“.

Градоначалниците дискутираа и останати аспекти со кои што се среќаваат во секојдневната работа, како и за начините за нивно регионално третирање во насока на подобрување на животот на локалното население.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy