На 19 ноември 2018 година во општина Македонска Каменица се организираше работилница за размена на искуства за управување со туристичка дестинација, во рамки на воспоставеното координативно тело за развој на туризмот во Источен плански регион.
Работилницата послужи да се воспостави синергија помеѓу два проекта финансирани од Швајцарската агенција за развој и соработка, со учество на претставници од локалната канцеларија на SwissContact кои ја презентираа Програмата за зголемување на вработувањето на пазарот и личното искуство во насока на определување и управување со туристичка дестинација.
На работилницата присуствуваа и претставници од Националната асоцијација за дојдовен туризам, кои што споделија свои искуства во однос на предизвиците и проблемите при управување со една туристичка дестинација.
No comment yet, add your voice below!