Го објавувавме Зборникот со добри практики за рамномерен регионален развој на источен регион кој произлезе од Меѓународната конференција „Добри практики за регионален развој во источен регион“ која се одржа во Штип од 12-15 септември 2019 г. во мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“. Зборникот преземете го тука или кликнете на сликата од оваа објава.
Овој Зборник е изработен од страна на Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ кој е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). За содржината на Зборникот е единствено одговорен Центарот за развој на Источен плански регион и истиотне ги одразува ставовите на МЛС и СДЦ.
Повеќе информации за зборникот:
- Публикација: Зборниксо добри практики за рамномерен регионален развој во Источен регион
- Меѓународна Конференција:„Добри практики за регионален развој во Источен регион“
- Организирана во рамки на проектот: „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“
- Место на одржување:Мултимедијален Центар „Киро Глигоров“ – Штип
- Времетраење: 12 – 13 Септември 2019 година
- Организатор: Центар за развој на Источен плански регион – Штип
- Подготвил: Еуро Виста КонсалтингДОО – Струмица
- Учесници: Центри за развој на планските региони, Општини, Јавни Комунални Претпријатија,
- Граѓански организации, МСП и претприемачи, Организации за поддршка на МСП, Министерства,
- Агенции и институции на национално ниво, Експерти од земјата и странство, Донаторски
- организации
No comment yet, add your voice below!