Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 20-21.05.2021 година во рамки на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ организираше дводневна обука на тема „Идни дигитални трендови во туризмот – технологија и алатки“.
Обуката беше во организација на партнерот во проектот општина Гоце Делчев од Р. Бугарија чиј што предавач овозможи јакнење на капацитетите и развој на вештините на учесниците за можностите кои што произлегуваат од употребата на дигиталните технологии во развојот и унапредувањето на туризмот.
Обуката беше организирани со интерактивна работа, согласно сите здравствени протоколи и мерки, на комбиниран начин на работа со физичко присуство и виртуелни комуникациски средства, на кои учество земаа вкупно дваесетина учесници од прекуграничниот регион.
Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.
ДАТУМ
мај 21, 2021
Категории
Реализирана обуки на тема „Идни дигитални трендови во туризмот – технологија и алатки“
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!