На 13.09.2021 година во винаријата Сопот се одржа свечен настан во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ за доделување на признанија на Центрите за развој на планските региони, согласно политиките на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка за зголемување на транспарентноста во работењето.Центарот за развој на Источен плански регион се здоби со признание за највисок реализиран буџет преку спроведени проекти во изминатата година. Се реализираа повеќе од 20 проекти од различни области, на територија на повеќето општини од Источниот плански регион, чија вредност надминува 150 милиони денари.2020 беше исклучително тешка година во секој поглед, имајќи ги во предвид предизвиците со кои што бевме приморани да се соочиме и прилагодиме, предизвикани од здравствената пандемија со Ковид-19. Овој факт говори уште повеќе во полза на признанието кое ни беше доделено, дава поголема тежина, одговорност и сатисфакција на работата која што ја вршиме, потврдува дека сме на вистинскиот пат кон остварување на мисијата за одржливо развивање на Источниот плански регион со задоволни и среќни луѓе.Разновидноста на проектите потврдува дека секогаш се трудиме да опфатиме што поголем број на области од значење за регионот, да дадеме свој придонес во решавање на проблеми со кои се соочуваат нашите сограѓани, а преку алатките на партиципативност и транспарентност заеднички со Советот за развој на Источен плански регион и пошироката јавност, ги избираме вистинските приоритети.
ДАТУМ
септември 13, 2021
Категории
Признание за највисок реализиран буџет преку спроведени проекти во 2020 година
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!