Советот за развој на Источен плански регион, на ден 27.03.2022 година, во општина Македонска Каменица, ја одржа X (Десеттата) итна Седница.На Седницата Советот донесе:
- Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2021-2026 за 2022 година;
- Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година;
- Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2022 година;
- Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Одржив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза” за 2022 година;
- Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Културен мост низ вековите” за 2022 година;
- Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина” за 2022 година;
- Одлука за одобрување на Образецот за евиденција на развојните потенцијали на планските региони од значење за регионалниот развој за 2022 година, пополнет од страна на Центар за развој на Источен плански регион;
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Изградба на градски пазар во Делчево, отворен и затворен дел, (II) фаза“, и даде согласност за вработување / Известување за обезбедени финансиски средства.
No comment yet, add your voice below!