Skip to content

ДАТУМ

ноември 6, 2024

Категории

Оглас за избор на директор на Центар за развој на Источен плански регион

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 1 и став 2 и член 23 став 1 и став 2 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), член 26 став 8, став 10, став 11 и став 13 и член 27 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 24/21 и 174/21) и член 1 став 2-4 од Одлуката за отпочнување на постапка за избор на Директор бр.11-227/1 од 01.11.2024 година, Советот за развој на Источен плански регион, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на Директор на Центар за развој на Источен плански регион – Штип – 1 (еден) извршител за период/ мандат од 4 (четири) години

За директор на Центарот може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност,
  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно завршен VII/1 степен образование од областа на правните, економските или техничките науки,
  • да има работно искуство од најмалку пет години од кои најмалку две години со управување со развојни проекти во областа на локалниот и регионалниот развој,
  • да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик не постар од две години:
    а) ТОЕФЕЛ (TOEFL) со најмалку 74 бода,
    б) ИЕЛТС (IELTS) со најмалку 6 бода,
    в) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) со најмалку Б2 ниво,
    г) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
    д) БУЛАТС (BULATS) со најмалку 60 бода или
    ѓ) АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
  • активно познавање на програми за компјутерско работење.

Рок за пријавување и доставување на потребната документација: 5 (пет) работни дена сметајќи го и денот на објавувањето на огласот.

Работодавачот, согласно член 23 став 2 од Законот за работни односи, ќе изврши избор во рок од 45/90/120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Работни часови неделно: 40; Работно време: 8 часови дневно, започнува во период помеѓу 07:30 – 08:00 часот, а завршува во период помеѓу 15:30 -16:00 часот; Работни денови: од понеделник до петок

Основна нето плата: 74.471,00 денари

Мандатот на директорот на Центарот за развој на Источен плански регион е четири години, со право на повторен избор.

 

Потребна документација за аплицирање:

Заинтересираните кандидати се должни во рокот за пријавување да достават комплетни документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат условите наведени во огласот и тоа:

  • Кратка биографија (CV);
  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија не постаро од 6 месеци сметано од крајниот рок за пријавување наназад, во оригинал или копија заверена на нотар;
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност (од Централен регистар или од Суд), не постар од 6 месеци сметано од крајниот рок за пријавување наназад, во оригинал или копија заверена на нотар;
  • Диплома или Уверение за завршено образование, во оригинал или копија заверена на нотар;
  • Преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за лице издаден од Агенција за вработување или Преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција / стаж од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, во оригинал или копија заверена на нотар;
  • Потврди/препораки или друг доказ со кој се докажува дека од бараното работно искуство од најмалку 5 год., најмалку две години се остварени со управување со развојни проекти во областа на локалниот и регионалниот развој;
  • Некој од бараните меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик не постар од две години, во оригинал или копија заверена на нотар;
  • Доказ (Сертификат/Диплома/Потврда/Уверение и сл.) за активно познавање на програми за компјутерско работење, во оригинал или копија заверена на нотар.

Потребната документација да се достави во затворен коверт до Центар за развој на Источен плански регион – Штип, на адреса ул.„Ванчо Прќе“ бр.119, кат 2, 2000 Штип со назнака „За оглас за избор на директор“.

Апликациите и документите испратени по електронска пошта или факс нема да бидат земени во предвид.

Лице за контакт за огласот: Катерина Коцева тел: 032386409; 032386408.

Совет за развој на Источен плански регион
Претседател
Миле Петков

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy