Skip to content

ДАТУМ

ноември 6, 2024

Категории

Реализирани проектни активности во Штип и Пехчево

Центарот за развој на Источен плански регион заврши дел од активностите предвидени со проектот „Збогатување на туристичката понуда во Источен плански регион“.

Првата активност во рамките на овој проект е втората фаза од поплочувањето на улици во автентичен стил во населба Ново Село, каде дополнително беа уредени 5 улици од штипско Ново Село. Проектните активности се во вредност од околу 6.6 милиони денари со обезбедено кофинансирање од Општина Штип.

Втората реализирана активности се однесува на проектот во Општина Пехчево со третата фаза од активностите за доуредување на барскиот екосистем Езерце. Овој значаен локалитет доби дополнителна урбана опрема за што поголемо искористување на природните убавини на овој регион. Вкупната вредност на градежните активности изнесува нешто помалку од 3 милиони денари.

Во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда во Источен плански регион“ се предвидени уште 2 активности чија реализација се очекува да заврши кон средината на 2025 година. Станува збор за градежни активности за креирање на спортско-рекреативен комплекс на брана Пишица и изградба на пешачко-велосипедски патеки околу Беровско Езеро.

Реализацијата на овој проект е поддржана од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а финансиските средства се обезбедени преку Програмата за развој на планските региони за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година. 

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy