На 5 декември 2025 година во просториите на Општина Гоце Делчев во Бугарија се одржа промотивната прес конференција во рамките на проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“.
Проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“ е финансиран од Interreg VI-A IPA Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, во кој водечки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион.
На прес конференцијата присуствуваа претставници од проектните партнери, медиуми, претставници од неколку општини од Источниот плански регион како и претставници од општина Гоце Делчев. Од страна на проектниот тим беа презентирани активностите и целите на проектот, а свои поздравни обраќања имаа и претставниците на Центарот за развој на Источен плански регион, Општина Гоце Делчев, Општина Штип, Општина Кочани и Општина Пробиштип.
Вкупната вредност на проектот е 1,054,056.20 € и ќе се реализира заклучно со 2 април 2027 година.




