Skip to content
Втора Седница на Советот за развој на Источен плански регион

ДАТУМ

декември 24, 2025

Категории

,

Одржана Втора Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 19.12.2025 година, во Општина Штип, ја одржа втората седница.

Советот за член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од бизнис заедницата ја избра Моника Јованова – вработена во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија – Регионална Комора со седиште во Штип.

Беа донесени и повеќе Одлуки за преотстапување на изградени објекти во рамки на завршените проекти реализирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион.

Беа донесени и Одлуки за предавање во сопственост и владение на стоки набавени во рамки на реализирани проекти

Советот го усвои Финансискиот План на Центарот за развој на Источен плански регион за 2026 година за развој на Источен плански регион.

Беше донесена и Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2026 година.

На седницата, Советот донесе Акционен план за 2026 година за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2021 -2026 година.

Членовите на Советот проследија и две Презентации во врска со третман на отпадни води и во врска со прскање против комарци и дератизација.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram