На 11 февруари 2026 година, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, се одржа работна средба помеѓу претставници од Центарот за развој на Источен плански регион и претставници на Завод и Музеј – Штип.
Средбата беше дел од активностите на проектот Protech 2024, чија цел е идентификација и споделување на добри практики од културното наследство на партнерите во проектот.
Во фокусот на оваа средба беше претставувањето на добрата практика поврзана со нематеријалното културно наследство „Четрсе“ – традиција која се негува со систематски и одговорен пристап, почитувајќи ја заедницата, контекстот и културната автентичност.
Ваквите средби овозможуваат добрите практики да се препознаат, документираат и пренесат меѓу партнерите во проектот. „Четрсе“ е пример како локалното културно наследство може да стане инспирација и модел за поширока примена, зајакнувајќи ја регионалната соработка и промоцијата на културните вредности.


