Skip to content
naslovna

ДАТУМ

март 9, 2026

Категории

,

Одржана Трета Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 09.03.2026 година, во Општина Виница, ја одржа третата седница.

За член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од здруженијата, Советот ја избра Ирена Мирчовска – Претседател на Здружение за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ Кочани.

Советот даде позитивно мислење и ги усвои завршната сметка на Центарот за развој на Источен плански регион за 2025 година и завршните сметки на 7 (седум) проекти на Центарот за развој на Источен плански регион.

На седницата беа разгледани и усвоени Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2025 година и Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2021-2026 за 2025 година.

Советот го разгледа и одобри Образецот за евиденција на развојните потенцијали на планските региони од значење за регионалниот развој за 2025 година.

Советот ја утврди Листата на Предлог – Проекти за развој на Источен плански регион, за користење на средства за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година. Како приоритети беа утврдени проектите:

  • Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион;
  • Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (подобрување на условите во образовниот процес во ИПР) и
  • Унапредување на енергетската ефикасност во регионот преку замена на јавно улично осветлување со ЛЕД осветлување (Smart Led Lighting Project).

На седницата беше потпишан Договорот за дополнителни средства за финансирање на задачите и активностите на Центар за развој на Источен плански регион за 2026 година.

Преземете Одлука за утврдување на Листа на предлог проекти, Записник

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram