Здружение “Савремие” од Сандански, Р. Бугарија (PP7) и Центарот за развој на Источен плански регион (PP1) во периодот од 29 јуни до 01 јули 2026 година, организираа обука во рамки на проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград” SERENE BGMK0200046, на теми “Дигитална писменост и технологии во туризмот” и “Управување и сертифицирање на туристички дестинации”, наменети за 20 (дваесет) претставници, туристички професионалци од Источниот плански регион и од регионот Благоевград од општините Сандански и Гоце Делчев.
На обуката учесниците се запознаа со потребните услови и чекори за сертифицирање на туристичка дестинација, се дискутираше за можните туристички дестинации од нашиот прекуграничен регион, моментална состојба, карактеристики и потреби. Вториот ден од обуката беше посветен на современите трендови во туризмот, преку презентирање на дигиталните технологии во туризмот. Посебен акцент беше дадено на тоа како треба чинителите во туристичкиот сектор да бидат дигитално претставени, во насока да стигнат до повеќе посетители и промоција на нивните услуги и бизниси. Во рамки на обуката беше посетен и Музејот на Град Сандански, каде учесниците одблизу имаа можност да се запознаат со нови дигитални алатки кои ги има воведено музејот како и да се запознаат во нивното археолошко и историско наследство. Последниот ден од обуката беше посветен на усогласување на новите технологии во туризмот како поддршка на процесот за управување со туристички дестинации.
Во текот на обуката се спроведоа повеќе практични работилници и се размени искуство помеѓу учесниците за состојбите во туристичкиот сектор во двата региона.
Проектот SERENE BGMK0200046 е финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.

