Skip to content

ДАТУМ

јули 13, 2026

Категории

Покана за учество на интерактивна и практична обука насочена кон зајакнување на бизнис интегритетот и спречување на корупцијата за мали и средни претпријатија од Источен плански регион

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Стопанската комора и Македонско-Бугарска стопанска комора, ги покануваат малите и средни претпријатија (МСП) од Источниот плански регион да учествуваат на интерактивна и практична обука насочена кон зајакнување на бизнис интегритетот и спречување на корупцијата, која ќе се одржи на 14 јули 2026 (вторник) од 10:00 часот, во просториите на ПРОГРЕСИВ Академијата на Винчини во Општина Виница.

Обуката се спроведува во рамки на проектот „Бизнис со интегритет  Северна Македонија – Мобилизирање на МСП како лидери против корупцијата“ ко-финансиран од Европската комисија.

Учеството на обуката е целосно бесплатно. Во сè поконкурентно и регулирано деловно опкружување, транспарентноста, отчетноста и етичкото однесување се клучни за долгорочен успех. Оваа обука е специјално дизајнирана да ги поддржи менаџерите и носителите на одлуки во МСП во препознавање на ризиците од корупција и зајакнување на деловниот интегритет во секојдневното работење, како и да ги опреми со алатки и знаења потребни за ефикасно справување со овие предизвици.

Преку, динамичен и интерактивен пристап, работилницата ќе комбинира експертски презентации со практични студии на случаи, реални сценарија и групни дискусии. Учесниците ќе имаат можност да обработат теми како што се:

  • ризици од корупција во деловното работење;
  • принципи на бизнис интегритет;
  • антикорупциски политики и механизми во рамки на компаниите и
  • усогласување со добри европски практики.

Обуката исто така ќе понуди практични алатки и контролни листи кои може директно да се применат во компаниите со цел подобрување на усогласеноста и корпоративното управување.

Сите заинтересирани учесници треба да се пријават на линкот за регистрација во прилог:

(Виница 14.07) Обука за воведување на бизинс интегритет за мали и средни претпријатија – Fill in form

Ве очекуваме!

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram