Во рамки на проектот: „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза II, Центарот за развој на Источен плански регион претставуван од директорот Трајче Здравов присуствуваше на Меѓународната конференција за регионален развој „Регионалниот развој во динамично променлив свет – Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој“, што се одржа во Гевгелија од 8 до 9 Јули.
На конференцијата воведно обраќање имаше премиерот на Република Северна Македонија – проф. д-р Христијан Мицковски, министерот за локална самоуправа м-р Златко Перински, и амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија – Н.Е. Вероник Хулман.
На конференцијата се одржаа четири панели посветени на праведен раст, посилни региони, финансирање за одржлив развој и дигитална трансформација – со учество на министри,градоначалници,експерти и практичари.
Воедно на Центарот за развој на Источен плански регион од страна на министерот Златко Перински беше доделено признание за придонес во обезбедување на услови за поквалитетен живот на старите лица преку успешна реализација реализација на проектот “Реконструкција на дом за стари лица др.”Иван Влашки” во Берово.






