Во текот на месец јуни 2009 година, Центарот за развој на Источен плански регион го реализираше својот проект „Создавање на мрежи на партнерства и промоција на заеднички одржливи вредности
”. Проектот се состоеше во посета на Единиците на Локална Самоуправа и работни средби со претставници од невладиниот сектор, јавниот и приватниот сектор.На работните средби беше презентирана Програмата за развој на Источен плански регион 2009-2013 година, со цел изнаоѓање на можни полиња за соработка и имплементација на проекти со сите засегнати страни на локално ниво, сегашни и идни партнери на Центарот.
Работните средби на Центарот започнаа на 04 јуни 2009 со работна средба во општините Делчево и Македонска Каменица. На 15 јуни беше остварена работна средба во општина Штип и Карбинци, на 16 јуни во Кочани и Чешиново – Облешево и на 17 јуни во Пехчево и Берово. Средбите на Центарот завршуваат на 29 јуни со посета на општина Пробиштип и на 30 јуни, на Виница и Зрновци.
Оваа активност на Центарот наиде на широк прием кај пошироката јавност, за што зборува и големиот број на посета на истата.
No comment yet, add your voice below!