
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 жени од различни сектори со цел размена на искуства и презентација на успешни примери од процесот на правна и економска реформа, при што се нагласи потребата за зајакнување на улогата на жената во македонското општество.
Конференцијата со свои поздравни говори ја отворија:

- Г-а. Улрике Мариа Кнотц, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија;
- Г-а. Вибке Отенбрајт, заменик Директор на ГТЗ за Република Македонија
- Г-а. Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура на Република Македонија
Националната правна рамка за полови еднакви можности и клаузула за недискриминација ја претставија:
- Г-а. Лидија Димова, извршен директор на Македонскиот центар за европска обука која зборуваше на тема: “Какао го постигнува тоа Европската унија“
- Г-а. Савка Тодоровска претставник на Национален совет на жени на Република Македонија – СОЖМ која ја претстави “Фактичката сoстојба на жената во Македонија”
За Улогата на жената во економско-правната реформа говореа:
- Г-а. Анета Арнаудовска, Директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија која ја презентираше темата: „Судиите и јавните обвинители жени гаранти на независноста и непристрасноста на постапката“
- Г-а. Маријана Лончар-Велкова, Претседател на Организацијата на потрошувачи на Република Македонија која ја истакна:“Улогата на жената во основањето и функционирањето на Организацијата на потрошувачи на Македонија”
- Г-а. Лилјана Цековска, Извршен директор на Здружението на правници на Македонија која говореше на тема: “Жената во бизнисот-реалност и потреба”
- Проф. д-р Маре Зарезанкова-Потевска, ФОН Универзитет, која имаше излагање на тема:“Македонската жена и претприемништвото”

- Г-а . Мимоза Тачи – „Sun and star”,Тетово – „Мисли позитивно“;
- Г-а. Дивна Јованова, индивидуален зeмјоделец „Дивна“ Кочани – „Со македонска јагода до европска трпеза“;
- Г-а. Ленче Литајковска – сопственик на КОБРА телевизија, Радовиш – „Верувам во ангелот“;
- Г-а. Сузана Наумоска, ДООЕЛ спа „Изида“, Охрид, „Креативноста отвара свет на неограничени можности“; и
- Г-а. Олгица Илоска, менаџер и главен координатор на АД Инекс Горица, Охрид – „Секој голем успех е триумф на упорноста”.
No comment yet, add your voice below!