На ден 26.06.2009 година остварена е прва работна средба на Центарот за развој на Источниот плански регион со Бизнис Информациониот и Консултантски центар во Сандански Република Бугарија. На оваа средба меѓусебно се претставија двата центра, разговараа за досегашната работа и можностите за заедничка идна соработка.
Центарот за развој на Источниот плански регион како нов правен субјект работи на ширење на мрежата на партнерства за идна соработка при што наиде на широко разбирање и прифаќање од страна на Бизнис Информацискиот и Консултантски Центар – Сандански. Долгогодишното искуство што овој Центар го има е од значење за заедничката идна соработка на делот на регионалниот развој.
Двете страни се договорија за потпишување на Меморандум за соработка, посебно на делот на прекуграничната соработка помеѓу Источниот плански регион во Република Македонија и Бизнис Центарот во република Бугарија.
Посетата ќе биде возвратена од страна на Бизнис Информацискиот и Консултански Центар – Сандански во најскоро време по покана на Центарот за развој на Источниот плански регион што ќе претставува отпочнување на една плодна и долгорочна соработка меѓу двете страни.
No comment yet, add your voice below!