Од 21 до 27 јуни 2009 година, Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион остварија студиско патување во Република Германија во регионот на Саксонија.
Со посета на Единици на Локална Самоуправа, компании од бизнис секторот, инститиуции на локално и регионално ниво, Градоначалниците имаа прилика да се запознаат со добри практики, кои би можеле да се имплементираат и во наши услови.
Студиското патување Градоначалниците го искористија и за размена на искуства и идеи, од значење за локалниот и регионалниот развој.
Остварена е посета на регионот Chemnitz/Zwickau, општините Nebelschutz и Zittau, како и административната област Vogtland.
Студиските патувања од ваков тип се доста корисни во планирањето на регионалниот развој и имплементацијата на проекти, имајќи во предвид дека Германија е водечка земја во регионалниот развој во рамките на Европската унија.
No comment yet, add your voice below!