Skip to content

Седмата Седница на Советот за развој на Источниот плански регион

ДАТУМ

декември 22, 2009

Категории

altНа 22.12.2009 година (вторник), во Салата на општина Македонска Каменица, се одржа Седмата Седница на Советот за развој на Источниот плански регион.

На седницата се дискутираше за фазата за реализација на активностите предвидени во Акцискиот план за основање на меѓуопштинско (регионално) јавно претпријатие за управување со отпад во Источниот плански регион. Се констатира дека нареден чекор од Акцискиот план е регистрацијата на МЈП ,,ДЕПОНИЈА ИСТОК”.

 

 

Следен чекор беше потпишување на Договорот за уредување на меѓусебните права и обврски на основачите на altМЈП за управување со отпад.
Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион ги информира членовите на Советот дека од Програмата  ,,Атрактивни плански региони” и Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој  од средствата во 2009 година, се финансирани 9 регионални проекти.
На седницата се донесе Заклучок да се продолжи со активноста за зачленување на Источниот плански регион во Собранието на Европски региони – АЕR.
Програмата за развој на Источниот (Брегалнички) плански регион 2009-2013 година едногласно се донесе, и воедно се усвои Финансиски план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2010 година.
altБеше усвоен Предлогот Центарот за развој на Источен плански регион врз основа на претходно прибавени информации од општините од регионот, да изготви Предлог Ценовник за цените за градежно земјиште предложени од страна на секоја општина од регионот, односно за висината на надоместот за индивидуално домување, колективно домување, комерцијални и деловни дејности, стопански и производни објекти, објекти на јавни институции, објекти за спорт и рекреација и за инфраструктурни објекти и водови, за централното подрачје, вонцентралното подрачје и населените места.

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy