Во организација на ЗЕЛС на 25 и 26.11.2009 година во Скопје се одржа Саемот на општини „ЗЕЛС ЕКСПО“. На Саемот покрај општините, за прв пат се претставија и Центрите на планските региони. Центарот за развој на Источниот плански регион со финансиска поддршка од ГТЗ РЕД учествуваше и го презентираше регионот. На Саемот заедно со Центарот на ист штанд беа претсатвени можностите и потенцијалите на шест општини од регионот (Карбинци, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Делчево и Зрновци).
Центарот за развој на Источниот плански регион за овој настан изработи голем број на промотивни материјали и банери и обезбеди производи кои се произведуваат и се карактеристични за овој регион. Во текот на двата дена колку што траеше Саемот, штандот беше масовно посетуван и беше одлична можност за претставување и пред се доближување на работата на Центарот и воопшто регионот. Голем број од посетителите беа изненадени од убавините и ресурсите со кои располага регионот како потенцијали за иден развој.
Саемот придонесе да се остварат контакти со другите Центри, општини од другите региони, разни организации како од Македонија така и меѓународни кои имаат свои претставништва во Република Македонија. Се воспоставија линкови со доста организации потенцијални партнери на Центарот во имплементацијата на идни проекти. Со некои од нив во тек се потпишување на Меморандуми за соработка и разбирање, со цел официјализирање на соработката.
No comment yet, add your voice below!