


– Љубљански урбан регион каде се сретнавме со претставници од Владината канцеларија за локална самоуправа и регионална политика, Секторот за Европска територијална соработка и Агенцијата за регионален развој на Љубљанскиот урбан регион. Од нивна страна бевме запознати со: Тековната ситуација во регионите, Системот за регионален развој во Словенија, Менаџирањето на Европската кохезиона политика и Менаџирање на програмите за прекугранична соработка.
Го посетивме Технолошкиот парк кој е изграден со средства од Европските фондови.
– Во Нотрањско-Крашка регија претставниците од Регионалната Агенција ни го презентираа регионот и планот за регионален развој. Потоа ни беа претставени проектите финансирани од ЕФРД и проект за прекугранична соработка со Италија и Хрватска.
По извршената презентација ги посетивме реализираните проекти: Музеј за оружје и Хотел Постојнска јама.
– Од страна на Директорот на АРР на Приморскиот Регион ни беше прзентирано планирањето на регионалниот развој и спроведување на договорите,додека директорот на ЗТС за прекугранична соработка помеѓу Италија и Словенија ја презентираше работата на ЗТС, координацијата на проектите и програмите на двете земји како и презентација на потрошените средства и резултатите од прекуграничната соработка.
Директорот на Развојната агенција во Пула го претстави системот за регионален развој на Хрватска, финансиските можности од страна на државата, Како се подготвува регионот за влез во ЕУ и сл.
По одржаните работни состаноци заминавме во посета на реализираните проекти од ЕУ фондови и тоа:
а) Метрис (институт за испитување на материјали)
б) Паранцано (велосипедска патека)
в) Музеј на село
– Последниот ден беше посетена општина Риека каде се запознавме со регионалната оперативна програма, беше презентирана Регионалната агенција Порин, како се финансира, и какви се нејзините активности и кои се проекти ги имаат реализирано преку ЕУ фондовите.
Претставници од Заводот за просторно планирање на Приморско-Горањската жупанија го презентираа процесот на просторно планирање и кои се тековните процеси.
Студиското патување беше од голема корист за да се запознаеме со начинот на организирање и функционирање на регионалните агенции во земја членка на ЕУ – Словенија и земја кандидат – Хрватска, како што е и Македонија и да може да се користат нивните искуства. Исто така ова патување отвори простор за стекнување на партнери за идни проекти финансирани од ЕУ.
No comment yet, add your voice below!