Во планинарскиот дом „Вртешка“ на планината Плачковица се одржа XIIтата редовната Седница на Советот за развој на Источен плански регион каде почесен гост беше и Министерот Јакупи кој зборуваше за тековните активности на МЖСПП а поврзани со воспоставувањето на регионалениот систем за управување со отпад во Источниот плански регион. Во оваа насока Г-ѓа Даринка Јантинска Раководител на Секторот ИПА при МЖСПП која присуствуваше на седницата даде целосен увид во „Зајакнување на административните капацитети на регионално и локално ниво“. Консултантите од ЕУ ќе бидат присутни во регионот од Јуни 2010 до Јуни 2011 година.
Активностите што Советот и Центарот за развој на Источенниот плански регион ги водат на овој план се од големе значење за решавање овој проблем со управување со отпадот и придобивките од воспоставувањето на овој систем од значење за регионот и државата во целина.
На седницата се одобри и предлог-проектот на ЦРИПР за поврзување на општините од Источниот плански регион во единствен ГИС систем. На седницата беше презентирана Нацрт верзијата на “Студија за искористување на потенцијалите на биомасата за производство на енергија во Источниот плански регион” за која следи и јавна расправа.
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!