Центарот за развој на Источниот плански регион на 22-ри Јуни во големата сала на општина Штип одржа јавна расправа за „Студија за искористување на потенцијалите на биомаса за произвотство на енергија на Источниот плански регион“, на која присуствуваа градоначалници од Источниот плански регион, декани на факултетите од УГД, претставници од повеќе канцеларии за развој, претставници од НВО секторот, стручни лица од оваа проблематика, како и претставници од „ЕМС-Темос“ кои на јавниот повик беа избрани за изработка на Студијата.
По излагањето на раководителот на Центарот за развој на Источниот плански региот Г-ѓа Драгица Здравева, тимот задолжен за изработката на Студијата со тим лидерот проф.д-р Страхиња Трпевски ја презентираа нацрат верзијата на оваа Студија, по што започна јавната расправа.
Учесниците на оваа јавна расправа со конструктивни забелешки посочија повеќе предлози до тимот за изработка на студијата да бидат земени во предвид, по што тие одговорија позитивно дека ќе ги разгледаат забелешките и доколку има потреба истите ќе бидат вметнати во Студијата.
No comment yet, add your voice below!