Кластерите како форма на организирање на сите чинители кои придонесуваат за јакнење на компаниите, е алатка која се повеќе се користи во светот.
Во процесот на кластеринг е важна улогата на потпорните учесници за поддршка на кластерингот а Министерството за економија, АППРМ и регионалните центри со своите активности се на врвот на пирамидата.
Министерството за економија, во соработка со ГТЗ-Македонија, во функција на реализација на Програмата за развој и поддршка на кластерството за здружување за 2010 година, согласно точката 1.2 од Програмата- Организирање на семинари за подигање на свеста за кластеринг на 11-ти Јуни во Струмица и на 18-ти Јуни во Штип организираше семинари за подигање на свеста на кластерингот.
Целна група на семинарите беа потенцијални членки кои би претставувале јадро на евентуален кластер.
Резултатите од семинарите се: соработка на учесниците преку идентификувани задачи и активности, изготвена предлог листа на заеднички активности, идентификување на одговорни лица за организирање и спроведување на одредени активности, како и јавен повик за предлог проект кој треба да излезе на 31-ви Јуни.
No comment yet, add your voice below!