На 02.07.2010 година ( петок ) во општина Радовиш се одржа XIII (тринаесеттата) редовна Седница на Советот за развој на Источниот плански регион со следниот Дневен ред:
– Усвојување на Записникот од XII (дванаесеттата) Седница на Советот за развој на Источниот плански регион;
– Презентација на Нацрт верзијата на проектот:”Студија за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани, каскади)”;
– Извештај за спроведени активности за изработка на “Студија за одржлив развој на органското земјоделско производство во Источниот плански регион”, I и II (прв и втор);
– Информација за објавените огласи за јавни набавки заради реализирање на Проектите за развој на Источниот плански регион за 2009 година;
– Информација за реализацијата на Договорот за кофинансирање на Центарот за развој на Источен плански регион за 2010 година;
– Разно.
На Седница е предадена Нацрт верзијата на проектот: ”Студија за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани, каскади)”, со заклучок истата да биде разгледана од стручните служби во општините и забелешки по истата да бидат доставени до Центарот за развој на Источниот плански регион. Пристигнатите забелешки Центарот треба да ги достави до изработувачот на Студијата, URC-Урбан Рурал Консалтинг Скопјe, до крајот на август 2010 година.
Во продолжение на одвоените седници на Советите за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион, се одржа XVIII (осумнаесеттото) „Регионално Собрание на Градоначалници од Брегалничко – Струмичкиот Регион” со следниот дневен ред:
– Усвојување на записникот од XVII (седумнаесеттото) „Регионално Собрание на Градоначалници од Брегалничко – Струмичкиот Регион”, одржано во општина Пехчево на 28.09.2009 година;
– Информација од промотивниот настан за Патеката на Железната Завеса (ICT) ;
– Информација за имплементацијата на 2 проекти поднесени од страна на Центрите за РР до ГТЗ РЕД;
– Информација од промотивните денови на регионите во Скопје;
– Резултати од 2те работилници за „Регионален Маркетинг“ за Источен и Југоисточен плански регион;
– Следни активности во врска со проектот Патеката на Железната Завеса (ICT);
– Студиско патување на Градоначалниците и Раководителите од Источниот и Југоисточниот плански регион во прекуграничниот регион во Бугарија;
– Разно.
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!