На 27.07.2010 година се одржа редовна работна средба помеѓу Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов и Градоначалниците од Источниот плански регион. Работната средба се одржа во Претседателската резиденцијата.
На средбата Претседателот се интересираше за актуелните проблеми во Источниот плански регион како еден од најнеразвиените региони и за активностите кои се водат од страна на градоначалниците за надминување на одредени состојби. Посебно беше истакнат проблемот со водоснабдувањето и одводот на отпадни води, управувањето со цврс
тиот отпад, животната средина и меѓународната соработка посебно на делот на прекуграничната соработка.
Претседателот во целост беше запознат со програмските активности на Источниот плански регион и можностите за финансирање на истите. Тој изрази надеж дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина што претставува допринос во мотивирањето и претставувањето на регионот во земјата и надвор од неа.
No comment yet, add your voice below!