Skip to content

ДАТУМ

август 23, 2010

Категории

“Поврзување и здружен настап преку кластер за ориз“

altНа 14.07.2010 година  во општина Чешиново-Облешево, Ресторант „Амбасадор“-Облешево, се одржа Работилница на тема: “Поврзување и здружен настап преку кластер за ориз“ организирана од страна на општина Чешиново-Облешево во соработка со Здружението на земјоделци  „Агро Стимул“. На работилницата се покрена иницијатива за формирање на Национален Совет за ориз и поврзување и здружен настап на сите учесници во ланецот за ориз со следните активности:

–     Усогласување со сегашните и идни политики во земјоделството и руралниот развој;
–    Активности за развој и унапредување на подсекторот, градење конкурентност и регионален бренд на оризот;
–    Организација и форми на повразување и заедничко делување на сите субјекти во подсекторот за ориз;
–      Учество во заеднички проекти.
Резултат од работилницата е изработен Предлог-Проект: “Градење конкурентност на оризот преку организација на учесниците во Кластер за ориз “ и поднесена апликација на отворениот повик за финансирање на кластерски иницијативи од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион. Буџет на проектот 800.000,00 денари. Побарани средства од ЦРИПР 600.000,00 денари.
 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy