На 17 септември 2010 година (петок), во општина Кочани (Осоговски планини, туристички комплекс “Пониква”), со почеток во 14:00 часот се оддржа четиринаесеттата (XIV) Седница на Советот за развој на Источниот плански регион. Пред почетокот на седницата Претседателот на Советот и Градоначалник на Општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски, присутните ги покани на свчено отварање на нови простории за едношалтерски систем во општинската зграда на Општина Кочани.
Седницата беше со следниот дневен ред:
1. Усвојување на записникот од XIII-тата Седница на Советот за развој на Источен плански регион;
2. Усвојување на Студијата за искористување на потенцијалите на биомасата за производство на енергија во Источниот плански регион;
3. Информација во врска со отпочнатиот проект за интегрално управување со цврст отпад – д-р Денис Жерновски;
4. Информација за реализирани активности на Центарот за развој на Источниот плански регион за периодот јануари-август 2010 година (доставен до Влада на РМ, Секретаријатот за европски прашања);
5. Информација за реализацијата на Проектот “Интегрирана туристичка понуда долж ICT – Патека на железната завеса”;
6. Разно.
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!