Skip to content

ДАТУМ

август 23, 2010

Категории

Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија

altМеморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија

На 28.07.2010 година во просториите на Центарот за развој на Источниот плански регион се потпиша „Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија“.

Со овој Меморандум потпишаните страни се договорија да ги превземат следните активности:
–    Разменуваат информации и мислења за теми поврзани со Источниот плански регион во делот на туризмот, негова промоција, како и за останатите теми од заеднички интерес;
–    Организираат размени и работни посети на претставници на тела и органи и вработени во Комората и Центаророт за развој на Источниот плански регион;
–    Организираат заеднички курсеви и семинари за обука на стручни лица во областа на локалната самоуправа;
–    Разменуваат информации за организирање и учество во меѓународни настани;
–    Меѓусебно да се информираат за конкурирање за учество во меѓународни програми и во реализација на истите, како и за презентација на заедничките програми поврзани со руралниот туризам на Источниот плански регион;
–    Меѓусебно разменуваат публикации, стручни трудови, анализи и други материјали за теми од областа со која се занимаваат и др.
–    Работат на заеднички проекти.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy