Skip to content

ДАТУМ

април 27, 2011

Категории

Kоординативна средба во врска со одобрениот Проект „Балканска велосипетска патека“

На 25.02.2011 година во Благоевград, Р. Бугарија се одржа првата координативна средба во врска со одобрениот Проект од страна на Европската Комисија „Балканска велосипетска патека“ во кој Центарот за развој на Источниот плански регион се јавува како партнер заедно со  Бугарија, Грција, Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Целта на Проектот е да се дефинира  велосипедската патека во рамките на  „Патеката на железната завеса“, во пограничните  региони од Р.Македонија, Р.Бугарија, Р. Грција и Р.Романија. Патеката влегува во Р. Македонија низ граничниот премин кај Делчево,  продолжува преку низински предел кон  Пехчево и Берово,  потоа продолжува кон Струмица за на крај преку Босилево да премине во општина  Ново Село и излезе од  Македонија на истоимениот граничен премин.

Дефинирањето на патеката подразбира не само нејзино обележување ( во оваа почетна фаза мапирање) туку и назначување на сите карактеристични и значајни туристички и археолошки локалитети и знаменитости, природни убавини и историски знаменитости, традиционални обележија и се она што би претставувало интерес за секој велосипедист-турист.
Овој проект е само почеток во проектите кој ке следат, поврзани со  развојот на алтернативниот туризам во Европа и светот.
 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy