На 25.02.2011 година во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање се одржа 2 (втор) состанок на Надзорниот комитет за проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.
Претставниците на консултантската куќа РАМБОЛ дадоа извештај за спроведените активности во периодот од 14.09.2010 до 25.01.2011 година. Ги презентираа драфт верзиите на следниве документи:
– Драфт темплејт на „Регионалниот план за управување со отпад“
– Анализа на заинтересираните страни
– Водич за вклучување на заинтересираните страни
– Информационен систем за управување со отпад сценарио за архитектура и SWOT анализи
Овие документи низ повекекратни и разновидни работилници ќе го добијат конечниот облик потребен за успешна имплементација на територијата на Источниот и Североисточниот плански регион.
No comment yet, add your voice below!