Skip to content

Презентација на проектот „Сигнализација и сигналитика на туристички локалитети во микрорегионот Пијанец-Малеш“.

ДАТУМ

мај 19, 2011

Категории

На 18 март 2011 година општина Делчево беше домакин  на финалната презентација на проектот „Сигнализација и сигналитика на туристички локалитети во микрорегионот Пијанец-Малеш“. Носител на проектот е Проектот е Центарот за развој на Источен плански регион, а партнери општините Делчево, Пехчево и Берово.  Финансиските средства потребни за реализацијата на проетот беа обезбедени од МЛС- Бирото  за регионален развој (Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој за 2009, Програмата за атрактивни плански региони за 2009) со 73,5% и буџетите на трите вклучени општини со 26,5%, од вкупниот буџет на проектот, кој изнесува 1.330.000 денари. 
Присутните претставници од трите партнерски општини во проектот, претставниците на Центарот за развој на Источен плански регион, Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион, Претставници од Бирото за регионален развој, Амбасадорот на  Украина 
во Р. Македонија, туристички работници и граѓани, локалните и националните медиуми имаа можност накратко да се запознаат со резултатите од проектот,  поставените сообраќајни знаци и табли во централното градско подрачје во Делчево, како и да присуствуваат на презентацијата на проектот. 
 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy